ССМ со порака пред Владата: „До кога работниците ќе чекаат зголемување на плата?“
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, денеска преку фотографија пред зградата на Владата испрати порака за итна реакција од институциите во однос на платите на работниците.
„Одиме да прашаме до кога работниците ќе чекаат зголемување на плата!“, напиша Трендафилов пред почетокот на најавената прес-конференција, алудирајќи на долгогодишното одолговлекување на темата за раст на платите и подобрување на стандардот на работниците.
Прес-конференцијата на ССМ следува во контекст на сè поголемото незадоволство меѓу вработените во јавниот и приватниот сектор, особено поради постојаното зголемување на трошоците за живот и нискиот степен на усогласување на платите со инфлацијата.
Од ССМ велат дека неусогласувањето на платите со минималната плата, како и неисполнувањето на ветувањата од страна на Владата, е недозволиво, особено во услови на зголемена социјална несигурност и одлив на квалификувана работна сила од земјава.
Синдикатот повторно ја повика Владата итно да преземе мерки и да ја покаже, како што велат, „наводната грижа за работничките права со конкретни одлуки, а не само со декларативни изјави“.
Неговата објава ви ја претставуваме во целост: