АктуелноЛокално

Таравари во „Клик Плус“: Меџити комуницира со водечките лица од ДУИ

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во своето гостување на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ зборуваше за актуелната политичка ситуација во коалицијата ВЛЕН. Таравари ја потврди својата претходна изјава дека членовите на коалицијата имаат комуникација со ДУИ, што предизвика внимание во јавноста. Според него, дури и членовите на Алијанса, како и пратениците во Собранието, редовно комуницираат со раководството на ДУИ, вклучително и со Муса Џафери, Фатмир Дехари и други експоненти.

„Сакам да бидам искрен до крај. Господинот Меџити има комуникација со многу луѓе во ДУИ. Ако не со Али Ахмети? Има со Муса Џафери. Или има со Фатмир Дехари. Или има со некој експонент. И нашите пратеници во Собранието имаат комуникација. Верувам и тие од Беса, не се изолирани. Не велам дека претседателите се сретнале заедно, но комуникација во една држава со 1,5 милион жители и каде што има 120 пратеници во Парламентот – тоа е нормално, ќе има комуникација“, изјави Таравари.

Тој додаде дека иако Алијанса има тешкотии да продолжи со соработка со ДУИ, ќе ги почитуваат одлуките на партиските органи во однос на следните политички чекори. Сепак, не исклучи можноста за излегување на избори како самостојна партија, ако тоа биде одлучено од партиското раководство.

„Не велам дека претседателите се сретнале заедно, но комуникацијата во една држава со 1,5 милион жители и со 120 пратеници во Парламентот – тоа е нормално, ќе има комуникација“, додаде Таравари.

Z P

Zvezdanka Pesikj