Победа без борба: Венко Филипче го „освои” СДС со најмалку гласови во историјата на партијата
Во една од најважните политички пресвртници за СДС, внатрепартиските избори кои требаше да значат “нов почеток” за партијата, резултираа со победа која повеќе наликува на административна формалност отколку на демократска воља. Венко Филипче, поранешен министер за здравство, ја презеде лидерската палка без да се мачи – затоа што немаше ниту еден противкандидат.
Оваа „победа“ со најмалку гласови во историјата на партијата не само што фрла сенка врз легитимитетот на Филипче како лидер, туку отвора сериозни прашања за иднината на СДСМ како „демократска“ структура.
Ако Зоран Заев победи со скоро 60 илјади гласови, па дури и Димитар Ковачевки собра значителна поддршка од над 30 илјади гласови, Венко Филипче наспроти нив влезе низ отворена врата во празна сала. Овој изборен процес, наместо да ја покаже силата на партиската демократија, откри длабока апатија, отсуство на визија и кадровска криза во СДС.
Партијата која некогаш тврдеше дека е „државотворна партија“ и „стожер на прогресот“, сега функционира како затворен круг, каде што кандидати не се охрабруваат да се пријават, туку се повлекуваат уште пред трката да започне.
Филипче, кој својата јавна слика ја изгради како лик од билборд во време на пандемија, сега треба да го убеди членството дека е решението за партија која тоне. Но, како се гради кредибилитет без натпревар? Како се добива мандат од база која речиси и да не гласала?
Парадоксално, Филипче сега ќе води партија која тврди дека се залага за европски вредности, но прифати “едно-кандидатски” избори како врв на демократијата.
СДСМ не доби нов лидер – доби договорено решение. А тоа, во време на криза, не е реформа. Тоа е политичка стагнација со познато лице и лоша порака.