Кои пратеници гласаа против амнестија на уставобранителите
Продолжува политичката тортура врз уставобранителите, партиотите луѓето кои беа најгласни и кои се спротивставија на 27 април на уништувањето на македонската држава. Собранието денеска не го изгласа Законот за амнестија, односно со 40 глас ЗА и 58 гласа ПРОТИВ и 1 ВОЗДРЖАН денеска Законот за амнестија на осудените за настаните од 27 април не помина во Собранието на Република Македонија.
Иако официјално дадоа поддршка за Законот за амнестија дури осум пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за законот меѓу кои и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа против амнестија на уставобранителите се и пратеничките Олга Лозанковска, Иванка Василевска, Силвана Ангелевска, Mирче Аџиоски и Иван Стоилковиќ.
Од која причина сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за слобода на уставобранителите иако го поддржаа и тие го поднесоа законот останува непознато. Се поставува дилемата дали овие пратеници се оние проевропски пратеници кои се спремни да гласаат за уставни, а за кои во неколку наврати говорат високи претставници на власта.
Токму координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој денеска не гласаше за амнестија на Уставобранителите во свое гостување во Радио Слободна Европа изјави дека нема никаков проблем со влез на Бугарите во Уставот.