АктуелноЛокално

„Патриотизам“ во квадратни метри: Како ДПМНЕ ја гради својата империја од народни пари

Во држава каде што болниците прокиснуваат, младите се иселуваат, а пензионерите бројат денови до следната сметка, најбогата институција не е ниту државната каса, ниту јавната администрација – туку ДПМНЕ. Да, партијата на Христијан Мицкоски, која секојдневно зборува за „народот“, „моралот“ и „враќањето на правдата“, денес е поседовател на над 33.000 квадратни метри имот низ Македонија, проценет на над 60 милиони евра.

За споредба, ова ја прави ДПМНЕ една од најбогатите политички партии во Европа – побогата и од партијата на Ангела Меркел (ЦДУ Германија), Лабуристите во Британија, па дури и од Партијата на Центарот во Шведска. Единствена разлика? Во развиените држави, партиите градат капитал од членарини, транспарентно работење и отчетност. Во Македонија – капиталот се гради врз грбот на народот, тендери, партиски вработувања и криминални зделки.

Главното партиско седиште на ДПМНЕ во центарот на Скопје – вистински велелепен храм на лицемерството – вреди речиси 40 милиони евра. Симбол на елитизмот и арамилукот, додека обичниот граѓанин плаќа високи сметки, зема кредити за да купи храна и со години живее во неизвесност.

Вртоглавиот раст на имотот започна уште во 2006 година, кога Никола Груевски го презеде кормилото, а со тоа и сите полуги на државата. ДПМНЕ од политичка партија се трансформираше во фирма за профит, мафијашки клан маскиран како политичка партија, чиј главен капитал доаѓа од – народни пари.

Христијан Мицкоски, кој се претставува како борец против корупција, денес е предводник на политичка елита која седи врз имот вреден повеќе од буџетот на неколку министерства заедно. Под негово раководство, „народната“ партија е трансформирана во империја на надвижности со подземни корени.

Додека Мицкоски оди по телевизии и зборува за „обнова“, реалноста е дека токму неговата партија ја гради најголемата обнова – но на својата лична, фамилијарна и партиска моќ, на сметка на сиромашниот народ.

Извештајот што зборува за овие бројки е од 2016 година. Денес, кога корупцијата е уште поорганизирана, а партиската алчност уште поголема – прашањето е:

Колкав е имотот на ВМРО-ДПМНЕ денес? И кој го плаќа?

Одговорот е болен, но едноставен – ние сите!