Димитров мораше да стои мирно на руската химна

Додека министерката за дигитално образование, Мила Царовска, дигитално го честита Денот на победата НА фашизмот, потпишувачот на Преспанскиот договор, Никола Димитров, беше прекинат во својот говор од страна на руската химна. Односно, по повод Денот на победата над фашизмот, Руската амбасада во Македонија организираше церемонија, додека паралелно Димитров држеше говор за Денот на Европа, од каде што порача дека „Европа треба да си го одржи зборот.”