61-та жртва на пожарот во Кочани: Почина уште еден пациент во болница во Литванија
Пожарот во Кочани однесе уште една жртва. Пациент кој се лекуваше во Литванија почина, станувајќи 61-та жртва од трагедијата во „Пулс“. Минатата недела, од истите повреди почина и „управителот“ на дискотеката, Александар Карадаковски.
Во пожарот беа повредени околу 200 лица, а некои од нив беа испратени на лекување во странство. Повеќе детали се очекуваат од министерот за здравство Арбен Таравари.