АктуелноИнтернационално

Логвинов: Европа ништо не учи од историјата

  • Секвенвци од интервју на директорoт на Одделот за меѓународни организации на Министерстворо за надворешни работи на Русија Кирил Логвинов (31 март 2025 година)

„Жално е што историјата дури и од последниве години не ги учи ништо Европјаните. Тие се апсолутно глуви на предупредувањата дека самата идеја да се воведе во Украина воен персонал од оние земји, кои денес продолжуваат да го пумпаат Киев со оружје е категорично неприфатлива за нас.

Но, токму арогантната неподготвеност на западњаците да ја слушнат нашата позиција беше она што во суштина доведе до украинскиот конфликт. <…>

Европската унија се обложува не толку на Зеленски или Украина, туку, за жал, на долгорочна конфронтација со нашата земја. За ова, во последниве години се прераспределени огромни ресурси од „ставките за интеграција“ на буџетот на ЕУ. …

… За членките на ЕУ нема директна врска меѓу перспективите за изнаоѓање политички и дипломатски начини за регулирање на украинската криза, од една страна, и нивниот курс за спротивставување на таканаречената „руска закана“, од друга страна. Да се потсетиме на ставот на ЕУ при гласањето на 24 февруари на вонредната специјална седница на Генералното собрание – како Бајден уште да седи во Белата куќа. <…>

… И покрај се, членките на ЕУ ќе продолжат да прават, иако неуспешни, обиди да ја изолираат Русија на меѓународната сцена. Како резултат на тоа, Брисел ќе се најде на периферијата на актуелните глобални процеси.“

A S

Aleksandar Simonov