АктуелноЛокално

(Видео) Пратеникот Бране Петрушевски го изеде подебелиот крај во вербалната пресметка со новинарот Милош Милошевски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, влезе во јавен конфликт со новинарот Милош Милошевски од „Инфомакс“ на социјалните мрежи, откако беше прозван за неговиот став околу минималната плата.

Милошевски обвини дека Петрушевски, кој некогаш барал минималец од 1.000 евра, сега како власт не го поддржува неговиот раст, туку тврди дека ќе се зголеми „куповната моќ“.

„Бране граѓаните го плаќаат 3.000 евра месечно за да ги убедува дека 400 евра се доволни за нормален живот. Немој да бидеш како Бране“, напиша Милошевски, додавајќи видео доказ со изјави на Петрушевски од различни периоди.

Петрушевски возврати со навреди, нарекувајќи го новинарот „квази новинар и партиски бот“, барајќи докази за тврдењата.

Милошевски не остана должен и објави видео во кое го потсети пратеникот на неговите порано изнесени барања за повисока минимална плата.

Овој конфликт отвори прашања околу доследноста на политичките ставови и односот на власта кон работничките права.

Видеото каде Бране бара минимална плата од 1000 евр акога беше пратеник од опозицијата: