Апасиев: Владата ветуваше помош – но воведе забрани за Македонците во Мала Преспа
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, ја критикува Владата поради новите ограничувања за Македонците од Мала Преспа, кои секојдневно работат во Ресен. Според него, наместо да им помогне, Владата им го отежнала животот со забрана за преминување на границата на дневно ниво.
„Се сеќавате кога пред месец-два, на пратенички прашања, го прашав премиерот Мицкоски како државата Македонија ќе им помогне на нашите Македонци од Албанија? Ми одговори – ‘тајно ќе им помогнеме!’ Епа, еве како им ‘помогнаа’“, напиша Апасиев.
Тој истакна дека луѓето од овој регион со години редовно ја преминувале границата за да работат во Ресен, но сега тоа им е ускратено. Според него, оваа одлука покажува дека Владата не е „патриотска“ како што се претставува.
Засега, нема официјална реакција од Владата по овие обвинувања. Македонците од Мала Преспа сè уште чекаат објаснување и евентуално решение за новонастанатата состојба.
Неговиот статус ви го пренесуваме целосно: