АктуелноЛокално

Граѓански собир под слоганот „Народно Собрание“: Движењето „Кој е следен?“ повикува на отворена дискусија пред Собранието

На 29 март (сабота) во 11:00 часот, пред Собранието на Република Македонија ќе се одржи граѓански собир под слоганот „Народно Собрание“. Овој настан е организиран од движењето „Кој е следен?“, кое има за цел да го врати гласот на народот во јавниот дискурс и да овозможи отворена дебата за клучните општествени проблеми.

Организаторите повикуваат на масовно присуство и најавуваат дека граѓаните ќе имаат можност да ги изнесат своите ставови, критики и барања преку отворен микрофон. „Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Демократијата не оди на пауза“, стои во повикот на движењето.

Настанот ќе биде простор за дебата, каде учесниците ќе можат да дискутираат за актуелните општествени предизвици, институционалните пропусти и можните решенија. Собирот ќе трае додека има граѓани кои сакаат да бидат слушнати, и така ќе се овозможи директен контакт и размена на идеи помеѓу граѓаните и институциите.

Нивниот повик на Инстаграм ви го претставуваме во целост: