Исмаил до ДПМНЕ: Со кого, против кого ќе се борите? Сами против себе?! Против Јанушев? Милошоски? Николоски? Анѓушев? Велјановски? Ковачки?
- Став на пратеникот и Потпретседател на Левица – Реџеп Исмаил, по однос на наративот на ВМРО-ДПМНЕ за наводната борба против корупцијата.
„Добро дрво не може да дава лоши плодови, ниту пак лошо дрво да дава добри плодови.“ Матеј 7:18
Или, за мицковистичките штабомани да се обидам да преведам: Со кого против кого ќе се борите? Сами против себе?! Против Јанушев? Милошоски? А. Николовски? Анѓушев? Велјановски? Ковачки? Онаа министерката уште од времето на велико-бугарашот Љјубчо? Кој систем со кого ќе го менувате – оној во чие градење учествувате 30 години?!
И тоа ова се само неколку од најистурените, надолу сите ешалони ви се истите луѓе кои до вчера беа дел од облукувачите на овој трулеж кој кулминираше со згаснување на 59 млади животи во ноќен клуб кој ниту вашиот Министер за внатрешни, ниту пак вашиот градоначалник во Кочани “не виделе” дека е “штала” (со зборовите од пресот на Тошковски).
Греота го затупувате делот од народот ваши членови, една маска имате пред нив, друга пред општа јавност, трета во институциите и четврта пред странските господари.
Да се вратиме на поуката од Библија: па зарем вие не го изродивте потписникот на Преспанскиот договор, Никола Димитров? Зарем не ги изродивте пратениците кои дополнија гласови до 80? Зарем не го профилирафте Мијалков? Зарем вие не го изродивте претходно и војводата Љјубчо, шиткачот на ОКТА?
Па самиот премиер Мицкоски се изроди од Шарената револуција? А неговите кадри тренирани од УСАИД и НДИ, Конрад Аденауер и слични, како што ги нарекувате “глобалистички” центри. Да не беше Шарената револуција Мицковски никогаш немаше да стане дел од врвот на ВМРО А со тоа ниту пак премиер.