АктуелноЛокално

Исмаил: Ако ги уапсеа Заев и Димитров никој немаше да може да се сретне со нив

  • Пратеникот Реџеп Исмаил – Хактан, ги искоментира снимките на социјалните мрежи, кои ги објавуваат од владејачката партија, за наводни среќавања на новинари со поранешни функционери. Исмаил истакна, дека ако ВМРО-ДПМНЕ ги уапсеше Заев и Димитров за велепредавството кое го направија и го променија името на државата Македонија, тогаш никој немаше да може да се сретне со нив. Во прилог ви го пренесуваме неговиот став на социјалните мрежи:

„Да ги уапсевте Заев и Димитров, и да ги судевте за велепредавство како што е редот, сеа никој слободен човек не ќе можеше да се среќава со нив… Не барајте изговори за да побегнете од одговорност. Имате дел од вината, и тоа во два чина:

I. 3.5 години локална власт на територијата на која се наоѓа кобната дискотека.

II. Скоро година дена централна власт, со која не само што Не направивте системски измени со кои ете ќе ги отстраневте “законските и процедурални недостатоци и недоречености” за кои министериве на секој прес ви дробат, ами и не сте спречиле да работи еден објект кој по скоро секој параметар и критериум работел нелегално!

Ама вие се занимавате со додавање “северна” во секој пропис и важечки акт на Собранието, посветувајќи внимание на Урсула и Трамп секако. Ехее и на “инаугурација” отидовте дури цела банда со бизнис класа летови.

Ехх, брее, а пред избори името ќе го враќавте и американските лапачи од Бехтел ќе ги стопиравте….“

A S

Aleksandar Simonov