АктуелноЛокално

Апасиев: Мицкоски не бара одговорност за пропустите на Државен пазарен инспекторат затоа што директорот им е од ДПМНЕ

  • Пратеникот во Собранието и Претседател на Левица – Димитар Апасиев, во објава на социјалните мрежи насловена „Не паушално – само аргументирано, другари“ ги наведе пропустите на Државниот пазарен инспекторат, со кој раководи Влатко Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Според Апасиев, доколку институција со која раководи (ДПИ) Стојкоски си ја вршела работата и не направила одредени пропусти, трагедијата можела да се избегне. Во прилог ви го пренесуваме неговиот став:

Откако видовме дека пропадна првичниот план за владино прикривање, и откако увидовме дека ЈАВНИОТ ПРИТИСОК вродува со плод (преку примерите до градоначалникот и полициските началници) – мораме упорно и секојдневно да продолжиме со правно обезличување на секој обид да се заташка истрагата со цел да се заштитат нивните партијаши и клиенти.

Затоа, денес ќе ја разгледаме улогата на ДРЖАВНИОТ ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ (скратено ДПИ) во трагичниот случај со дискошталата во Кочани, во кои ни загинаа 60-на младинци…

Согласно чл. 8 од посебниот Закон за Државен пазарен инспекторат (Сл. весник на РМ бр. 24/2007), кој досега е менуван и дополнуван 15 пати, токму ДПИ е изрично надлежен за „изрекување инспекциски мерки со цел отстранување на утврдени неправилности“!

Дополнително, во Законот за угостителската дејност (2004), како lex specialis за диско-клубови и кабареа, Државниот пазарен инспекторат е споменат дури 40 пати! Со букви: ЧЕТИРИЕСЕТ ПАТИ!!!

Оттука, нејасно е зошто премиерот Мицкоски, министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски и колегите од Основното јавно обвинителство Кочани го поштедиле од истрага и не му дале својство на „осомничен“ и „обвинет“ на АКТУЕЛНИОТ В.Д. ДИРЕКТОР НА ДПИ – Влатко Стојкоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ!? (види слика во коментар). Типчево е на функција од месец ноември 2024, што значи имал сосема доволно време ex officio да преземе службено дејствие кое не го презел.

Argumentum a fortiori, ова дотолку повеќе има смисла, ако се знае дека поранешниот директор на ДПИ е осомничен и веќе е во притвор.

Или да ви објаснам, per analogiam, што всушност прават и како ја замајуваат јавноста со првични апсења: ова би било исто како за кривично дело „убиство“ сторено со пиштол, да го обвините производителот на пиштолот во фабриката, а не и непосредниот извршител кој го повлекол чкрапалото!?

A S

Aleksandar Simonov