Траорно сведоштво од Кочани за трулиот корумпиран систем: Молевме за помош, а полицајката стоеше и гледаше
Филип Илијев, сведок на трагедијата во Кочани се огласи со траорно сведоштво на својот Инстаграм профил каде што најголем впечаток остави моментот каде вели:
Побаравме помош од некои полициски службеници кои немилосрдно одбија да помогнат (Не сите, некои од нив, не сакам да именувам).
На ова сведоштво се огласи Анета Карова, мајка на Ана која била извлечена и спасена од Пулс која вели:
Така е се што е напишано, и мојата ќерка Ана Карова ќе посведочи и ќе ја посочи (препознае) полицајката која очајно ја молела да и помогне а таа само и ги фатила прстите и и рекла ,,небива,, и застанала на страна и само гледала како сите повикуваат помош и се борат за да дојдат до воздух и здив.
Нечовечки е да знаеш дека можеш да помогнеш а да стоиш настрана затоа што тоа тебе не ти се случва. Нечовечки е да држиш папка под пазувата и стоиш настрана а си полицаец и имаш должност морална прво како човек со тронка совест а потоа и службена должност.
Имам длабока дупка на очај во душата и срцето, очајјјј и беспомошност. Оставија ситуација помогни си сам за да си помогнеш, закаснета прва помош реакција, КАДЕ СЕ ОБУЧЕНИТЕ ЛУЃЕ ЗА ВАКВИ СИТУАЦИИ, КАДЕ СТЕЕЕ? КАДЕ БЕВТЕ.
Кога пристигнавме и тоа само затоа што Ана успеа да ни се јави со надчовечки напори се борела да дојде до телефонот веке имаше полиција, како не беа повикани сите полицајци сега а во други ситуации неважни небитни на повик за полиција се појавуваат со брзината на светлината и тоа во непотребен број и покажуваат сила и величина со својата значка. КАДЕ ЌЕ ВИ ОДИ ДУШАТА.
ГОСПОДЕ чувај ни ги децата, а тие што тргнаа кај тебе Господе чувај ги блиску до тебе најблиску тоа се се деца наши златни, ангели.
