АктуелноЛокално

Трагедија во Кочани: Пожар

Ноќеска околу 3.00 часот во Кочани избувна пожар со невидени трагични размери, во дискотека за време на концерт.

Во моментот на избувнувањето и ширењето на пожарот, дискотеката била полна со луѓе, а имало и употреба на пиротехнички и средства за светлосни ефекти. Првичните информации се дека по избувнувањето пожарот се ширел кон таванот и кровот кој горел брзо. Посетителите на дискотеката се движеле кон излезот каде се создала гужва при што многу од нив вдишувале чад. Пожарот се ширел бргу. Засега не е позната точната причината за пожарот.

Од Обвинителството соопштија дека сите надлежни институции и обвинител се на лице место и се утврдува бројот на жртви и повредени.

Засега во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје се хоспитализирани 27 лица со тешни изгореници, 24 на Клиничкиот центар, 18 во „8 Септември“, од кои двајца во критична состојба. Повеќето од повредените лица сепак се кочанската општа болница каде се уште им се укажува медицинска помош. Поради сериозноста на повредите здобиени како резултат на пожарот и вдишување чад дел од повредените се пренесени во Клиничката болница во Штип, во Градската општа болница „8 Септември“ и на Скопските клиники.

-Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување, соопштија утрово од обвинителството.

Повеќе родители во очај си ги бараат децата преку социјалните мрежи објавувајќи им фотографии и молејки за информации дали некој ги видел во неколкуте болници во кои се однесени повредените. Од Јавното обвинителство и од МВР само известија дека работат на терен и се идентификуваат жртвите, но очигледно никој не им јавил на родителите кои се хоспитизилираните. Меѓу нив има доста малолетници, а бројката на згрижени е голема.

Пред Болницата во Кочани се наоѓаат голем број на блиски и роднини на повредените и на починатите. Општинската организација на Црвен крст прави списоци за утврдување на идентитетот на загинатите лица.