АктуелноЛокално

(Видео) Исмаил: Проширувањето на ЕУ не е приоритет – Одговорност за лажната кампања за промена на името Македонија

Обраќање на пратеникот и потпретседател на Левица – м-р Реџеп Исмаил – Хактан до полскиот амбасадор Мариуш Бримора:

Кога се однесува на вашите приоритети од претседавањето со Советот на ЕУ, морам да го забележам она што никој не сака да го каже јавно: приоритетот ‘проширување’ го нема во Вашата агенда!?

Во однос на Вашето излагање, почитуван Амбасадор, се наоѓате во Собранието на Република Македонија каде што нема унифицирани политички ставови, туку тука се преставени различни политички агенди и ставови. Вашата русофобска реторика можете со вашите колеги во Влада да ја користите, затоа што таму ставот е унифициран. Тука, во Собранието, Ве молам да користите реторика којашто е неутрална!

Под ‘отпор на надворешни влијанија’ дали би подразбирало финансирање на невладини организации со политички агенди во Република Македонија? – Или дали, на пример, под ‘дезинформации’ би подразбирало некаков укор, санкции за политичка кампања на политички партии од типот дека македонските граѓани, ако го сменат нивното уставно име, ако го прифатат Преспанскиот договор, ќе добијат бесплатно лекување во европските болници?

Кога зборуваме за ‘мешање во внатрешните работи’, дали мислите дека честите посети на странските амбасадори директно во највисокиот врв на извршната власт, судската власт, се исто така дел од мешањето во внатрешните работи?