Мојсоска: ОЈО-ГОКК на Ислам Абази инаку пријател на Али Ахмети не дозволува функционерот на ДУИ – Пуцко Петрол да оди во притвор
Капушевски оди во притвор, Пуцко Петрол во куќен притвор. Која е разликата помеѓу Капушевски и Пуцко Петрол, што обвинителот го преиначи барањето за притвор во куќен притвор?
Откако избега Васко Ковачевски (кој директно е поврзан со набавката на мазут каде е замешан Пуцко Петрол), како обвинителот проценал дека нема опасност за бегство во случајот со Пуцко?! Во конкретниов случај, веќе има едно лице кое е недостапно за органите на прогонот, а сепак Обвинителство проценува дека нема опасност за бегство.
Иначе со ОЈО-ГОКК, кое бара куќен притвор само за Пуцко, раководи куќниот пријател на Ахмети, Ислам Абази. Затоа од ДУИ функционер не смее да оди во притвор.
За 50 ќебапи и прозводство на лек од канабис луѓе лежат затвор. Ама за набавка на масло што го труе народот, ниту притвор не смее да се изрече.
Со вакви одлуки, и таа 2% доверба во правосудството ви е многу, напиша пратеничката Јована Мојсоска, нејзиниот статус ви го претставуваме во целост: