(Видео) Исмаил: Владата на ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ со државни пари ќе одбележува необалистички јубилеј на ансамблот „Илирида“
Излагање на пратеникот и потпретседател на Левица – м-р Реџеп Исмаил – Хактан, на денешната пленарна седница, на која ДПМНЕ и ЗНАМ протуркуваат одбележување на спорни антимакедонски и антиасномски јубилеи:
Долга е листата на одредени јубилејни настани и личности во оваа одлука и дел од нив се во ред. Но, има и клучни помеѓу нив, кои не само што би ја нарушиле репутацијата на Собранието, туку и мислам дека ќе бидат во колизија и со Меѓународни документи донесени со одлука на ООН.
Имено, се одредува, ‘Одбележување на денот на победата над фашизмот – Ден на Европа’. Претпоставувам дека датумот е определен на осми мај, а не на деветти мај, кога е вистинскиот ден за победата на фашизмот. Сакам да ве потсетам дека македонскиот народ беше дел од анти-фашистичката коалиција којашто победи во Втората светска војна. Со ова не само што вршиме груб историски ревизионизам, туку и правиме исклучителен непочит и градиме анти-АСНОМска култура во Македонија.
Во точка 99, е одредено дека се слави јубилеј од ансамблот ‘Илирида’. Прво би сакал да подвлечам, дека ова несреќно избрано име на овој ансамбл би требало да сноси одговорност за неговата регистрација во Централниот регистар на РМ. Нагласувам дека ова здружение, и по неговата функција и по симболот што го носи апсолутно не исполнува ниту еден од критериумите за одбележување на јубилејни годишни и значајни настани.
Третиот критериум на овие јубилеи: ‘Да се вгради во историскиот развој на земјата и во народната традиција, со што се овозможува трајно чувство на патриотизам и инспирација за идните генерации’. Славењето на еден ансамбл којшто го носи името на организација, култура и една политичка порака којашто се занимава со оживување на балистичките идеи на овие простори за Голема Албанија е во спротивност со член 2 од одлуката за одбележување јубилејни настани.