Судијката Тодорова не дозволи присуство на новинарка на рочиштето – Јамалов против Смилев во Основен суд Велес
На новинарката на Убавка Јаневска, денес не и беше дозволенода влезе во судницата на Основен суд во Велес во која што се одржуваше судењето по прекршочната пријава на пратеникот Александар Јамалов против членот на Совет на Општина Велес, Игор Смилев.
Судијката Лорета Тодорова не и дозволи на новинарката да го следи рочиштето П5-7/24, на кое што пратеникот Јамалов во прекршочна постапка го тужи советникот Смилев за навреда, клевета и нанесување на душевна болка, поради дадена изјава за весникот Фокус во која што изјавил дека, сопругата на Јамалов била вработена во СВР Велес откако тој бил избран за пратеник.
Судијката Тодорова не му ги соопштила причините на судскиот полицаец зошто не дозволува присуство на јавност во судницата.
Јаневска не добила одговор ниту од претседателката на Основен суд Велес, Валентина Ѓоргиевска. Претседателката не одговорила на телефонскиот повик на новинарката туку и напишала порака дека е во странство.