АктуелноЛокално

Апасиев: Надзорната расправа за аерозагадувањето ги даде првите резултати – Почнаа да се апсат луѓето кои со години ги трујат граѓаните

НАДЗОРНАТА РАСПРАВА за аерозагадувањето во Постојаната анкетна комисија ги даде првите опипливи резултати. За прв пат почнаа да се апсат луѓето кои со години ги труеја граѓаните, напиша Апасиев после апсењето на Ратко Капушевски и Пуцко Петрол за увоз на канцероген мазут.

Ова само покажува дека инструментите на ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА не се само уставен украс, туку моќна алатка за јавен и институционален притисок врз шемите на власта. Како опозиција во Собранието на РМ и во иднина ќе продолжиме стратешки да делуваме и да таргетираме теми од општонароден, национален и јавен интерес, со цел конечно справување со мафијата и корупцијата, напиша претседателот на Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост: