АктуелноЛокално

Уапсени Капушевски и Пуцко – Осомничени дека продавале токсичен енергенс кој предизвикува рак

Март 2025 година  неофицијално, откриена е мрежа на увозници кои спротивно на законот испорачале вид на горива со сомнително потекло и квалитет.

Овие горива најчесто содржат високи нивоа на сулфур, тешки метали или други штетни соединенија што можат да доведат до сериозно загадување на воздухот и почвата.

Сторени се кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето.

Според првичните информации се работи за огромна сума од околу 10 милијарди денари испумпани преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.

Во 2023 година се вршеше истрага за  Компанијата РКЕ каде еден од сопствениците е близок на газдите на Пуцко Петрол кои се блиски на ДУИ увезувала токсичен отпад кој може да предизвика тешки болести.

Биле откриени фалсификувани фактури, се транспортирало и горело отпадно масло, високоризично по здравјето на граѓаните, а маслото го увезувала фирмата РКМ каде сопственик е Ерџан Сулковски, кој пред да стане газда бил возач на Исмаил Јахоски, пратеник на ДУИ и неформален газда на Пуцко Петрол кој сега ја води неговиот син.

Се вршел транспорт на отпадно масло кое било произведувано во „САНС АГ“, погон во штипско, а транспортирано и продавано низ Македонија од фирмата РКМ.

Станува збор за течен отпад кој се правел со горење на гуми и друг отпад, а за кој државниот инспекторат за животна средина утврди дека е канцероген и ризичен по здравје.

Случајот бил откриен 2022 година кога повеќе војници на АРМ сместени на полигонот Криволак се пожалиле на здравствени проблеми и тешкотии со дишење, по што Министерството за одбрана алармирало, а Инспекторатот за животна средина утврдил прекршување на прописите за заштита на човечкото здравје и на животната средина.

Војниците, но и жителите на околните села околу САНС АГ дишеле канцероген воздух, бидејќи според инспекторите инсталацијата не е целосно изведена, процесот не е затворен, а емисиите од согорувањето на гуми и пластика е слободно.

Утврдено  беше дека го купувал РКМ на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, а таа компанија во текот на грејната сезона беше главен снабдувач на ЕСМ со мазут за ТЕЦ Неготино.

Фирмата Пуцко Петрол на тајкунот од ДУИ сопственички е поврзан со 3 од 5 најголеми енергетски компании во земјава и е добитник на стотици милиони евра во тендери од државни и локални институции.