АктуелноЛокално

ССМ најавува протести доколку не се дојде до договор со Владата

Претседателот на Сојузот на Синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов најави големи протести на 2ри и 7ми Април, доколку не се дојде до договор со Владата, за покачување на минималната плата.

За нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека соработува со СДСМ и дека за тоа е барањето за поголеми плати, Трендафилов се изјасни дека, нивните очекувања се Владата да има разбирање и да се дојде до договор, а најмалку очекувале такви ниски удари.

Исто така Трендафилов потенцираше дека, протестите нема да бидат партиски е дека не припаѓаат на ниту една политичка партија.