АктуелноЛокално

Мојсоска: Ако немате за цреши – јадете аспарагус

Владата си набавила минатиот месец аспарагус, каде целиот тендер за зеленчук кошта фантастични 25.000 евра.

Можда премиерот не видел цреши на зима, ама и тоа како мезел аспарагус.

Сето ова доаѓа во момент кога министерката Кочоска ни проповеда дека грашок во конзерва е луксуз и ни мери дали сме претерале со пиење млеко во месецот.

И додека народот се жали на ужасниот животен стандард, пратеникот Бране Петрушевски излегува на прес да го напаѓа синдикатот ССМ (кој единствено се буни за платите и цените на производите). Па, слушам и други пратеници на власта како најавуваат дека раководството на синдикатот треба да докаже на суд легитимитет?! А, што има да се меша власта во легитимитетот на синдикатите, кога не се меша во аздисаноста на газдите!

Ако за нешто ги биваше вмровците, тоа е насилничко гушење на синдикатите, уште од времето на Груевски, кои им ја рушеа сликата дека во Македонија добро се живее, а не се преживува.

П.С. А, ние што не сме пробале аспарагус, можеме да коментираме за аспарагусот, напиша на Фејсбук пратеничката Јована Мојсоска.