АктуелноИнтернационално

Време е за преговори и мир? Преговорите за Украина без Украина

Еден телефонски повик или една средба може да го промени текот на историјата. „Формулата за мир“ на Зеленски и планот „Мир со посредство на сила“ се распрснаа како меур од сапуница 12-ти февруари. „Ништо за Украина без Украина“ повеќе не е релевантно. Наместо преговори без Русија според „Формулата за мир“ и ставање на Русија пред свршен чин, Белата куќа го води Зеленски до превентивна капитулација, и прифаќање на реалноста. Политичката кариера на Зеленски е готова, откако Трамп и САД јасно му ставија до знаење дека судбината на Украина е решена без него. Украина не е субјект, туку е објект во меѓународните односи и на големата шаховска табла.

Кога Трамп на 12 февруари објави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се согласиле да започнат разговори за мировен договор за Украина, секретарот за одбрана Пит Хегсет беше во Брисел и ги изложиhttps://abc7.com/post/defense-secretary-pete-hegseth-makes-first-visit-nato-allies-impatient-hear-us-plans-ukraine/15897174/ параметрите на можниот мировен договор што ја исклучува опцијата за членство на Украина во НАТО, можноста Киев да ја врати целата територија која е под контрола на Русија од 2014 година. Хегсет исто така објави дека нема да има никакво  распоредување на американските трупи по линијата на разграничување после стапувањето на сила на мировниот договор, и дека Европа ќе го носи товарот на мировните сили.

„Ние, како и вие, сакаме да видиме суверена и просперитетна Украина, но мора да започнеме со признавање на фактот дека враќањето на Украина на границите што ги имаше пред 2014 година е нереална цел. Остварувањето на оваа недостижна цел само ќе ја продолжи војната и ќе донесе повеќе страдања“, изјавиhttps://abc7.com/post/defense-secretary-pete-hegseth-makes-first-visit-nato-allies-impatient-hear-us-plans-ukraine/15897174/ Хегсет пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Шефот на НАТО Марк Руте 13-ти февруари појасни дека на Украина никогаш не и било ветено членство во НАТО како дел од мировниот договор со Русијаhttps://economictimes.indiatimes.com/news/international/world-news/natos-rutte-says-that-ukraine-was-never-promised-nato-membership/articleshow/118220707.cms?from=mdr.

Сите настани во изминатите три години во рамките на „формула за мир“, планот за формирање специјален суд за Украина, „регистарот на штети“, меѓународна изолација на Русија, од самиот почеток не беа насочени кон изнаоѓање на мирно решение за конфликтот во Украина, како и прифаќање на реалноста. После 12-ти февруари тие се минато.

И покрај огромната финансиска, воена и разузнавачка помош од Западот, реалноста на полето на битката покажа дека Украина не може воено да ја победи Русија. Во текот на речиси три години, околу 50 земји колективно и обезбедија на Украина повеќе од 126 милијарди долари во оружје и воена помошhttps://abc7.com/post/defense-secretary-pete-hegseth-makes-first-visit-nato-allies-impatient-hear-us-plans-ukraine/15897174/. Вкупната помош на Западот, вклучувајќи ја и еконоската, воената, социјалната, и останата помош надминува 500 милијарди долариhttps://www.ifw-kiel.de/topics/war-against-ukraine/ukraine-support-tracker/.

Темата Украина е се повеќе токсична на Запад, и Западот е уморен од Украина. Европа се соочува со економска криза, водечките европски држави се соочени со економска стагнација и висока инфлација, која резултира со пораст на незадоволството помеѓу граѓаните, и многу влади кои што го поддржуваа Киев паднаа. Европа се повеќе заостанува и економски и технолошки зад Кина и САД.

Новата администрација на Трамп не гледа било каква улога на Европа во решавањето на важните геополитички прашања поврзани со конфликтот во Украинаhttps://www.ft.com/content/f7271853-48a0-4865-ac23-0cc4d87c9fb3. Трамп нема да ја покани ЕУ на разговори за Украина, туку ќе ја принуди да плати за нејзината реконструкција и да испрати мировници. Киев се надеваше дека може да го убеди Трамп да изработи заедничка преговарачка позиција во врска со мировните преговори со Русија. Зеленски и Киев понудија пристап до украинските резерви на ретки метали во замена за поддршката на САД. 

Доналд Трамп и американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во еден ден ги срушија сите надежи на Украина и на Зеленски. Зеленски и Киев мора да разберат дека ситуацијата е променета. Наместо тоа, Зеленски, на кој што мандатот му е истечен и не е легитимен претседал, во свој стил започна кампања против своите политички противници. Зеленски го чисти теренот пред претседателските избори во Украина после постигнувањето на мировниот договор. Воведени се санкции против поранешниот украински претседател Петро Порошенко и други лица во земјата поради закани за националната безбедност на земјата, а во Киев уапсен е човек од доверба на Кличко, под предлог дека извршил државно предавство. И Порошенко и Кличко имаат поддршка од влијателни западни кругови, и тие ќе реагираат на потезите на Зеленски. Западот затвораше очи додека Зеленски порано ги забрани некои од опозиционите партии, рускиот јазик, Украинската православна црква, затвори голем број на медиуми, и водеше прогон на неистомисленици и на граѓани кои зборуваат на руски. Сите тие теми ќе бидат покренати за време на мировните преговори. Зеленски го чекаат тешки времиња, од политичар кој што дојде на власт со мотото дека ќе „Донесе мир на Донбас“, до претседател кој што предизвика национална катастрофа во Украина, губење на територии, масовен егзодус на население. Народот на Украина нема да му го прости тоа, политичката кариера на Зеленски е завршена.

Зеленски се коцкаше и изгуби. Влогот се или ништо му се одби од глава. Планот А пропадна, а Украина нема план Б. Украина е зависна од САД и од глобалните одлуки на САД. Украина денес е во полоша позиција отколку што беше кон крајот на 2021 година или за време на мировните преговори во Истанбул во март и април 2022 година. Западот уште од самиот старт на конфликтот знаеше дека воена победа на Украина над Русија е нереална, но во текот на 3 години Западот ја хранеше Украина со илузии дека „победата е на дофат“. Трамп реши да и стави крај на таа илузија. Преговорите за Украина без Украина и за европската безбедност без Европа, тоа е она што е актуелно сега и ќе биде актуелно во текот на мировните преговори помеѓу САД и Русија.

Автор: Г. Ж.