(Видео) Црвена Младина: Корумпираниот систем го спаси пратеникот Сергеј Попов со казна од 500 евра наместо затвор
Прес-конференција на Милица Давчева, портпарол на Црвена Младина:
Сергеј Попов, кој признал дека пијан и без положен возачки испит управувал возило и предизвикал сообраќајна несреќа со повреда на жена, требало да добие затворска казна, но поминал со смешна казна од само 500 евра! Ова не е грешка, ова е системско спасување на партиски кадри!
Сите знаеме дека во 2014 година судството беше под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ. Одлучуваа партиски тефтерчиња, а не закони. И што гледаме денес? Човек кој бил заштитен од корумпираниот систем сега глуми борец за правда и безбедност во сообраќајот! Попов е дел од истиот оној систем кој убива – истиот оној против кој денес манипулативно повикува на протести.
Јасно прашуваме:
– Дали судските инсталации на ДПМНЕ го спасија Попов од затвор?
– Дали корумпираниот систем му овозможи да се извлече без вистинска казна?
– Колку вакви случаи на дивеење на Попов сè уште остануваат скриени од јавноста?
Ова не смее да остане нерасчистено!
Бараме:
1. Итно ревидирање на случајот на Сергеј Попов.
2. Јавно објавување на сите докази и детали за неговото пијано дивеење.
3. Негова оставка од сите јавни функции – човек со кривично досие нема морален кредибилитет да претставува млади!
Доста беше лицемерие!
ВМРО-ДПМНЕ и Попов немаат никаков образ да зборуваат за правда и безбедност. Тие се дел од трулиот систем што ја уништува државата и ја гуши иднината на младите. Ако Попов има барем малку достоинство, нека излезе пред јавноста и нека си поднесе оставка!
Младите во Македонија заслужуваат чесни и одговорни претставници – а не луѓе што избегале од казна благодарение на политички врски!