АктуелноЛокално

(Видео) Kaсами ги попари „лавчињата“ на чело со Мицкоски: Не само грбот – Ќе се менува и химната и Уставот со цел внесување на албанскиот јазик

Лидерот на Движењето Беса, дел од коалицијата ВЛЕН, Билал Касами ја коментираше идејата на премиерот Христијан Мицкоски за промена на државниот грб, јавува ТВ21. Касами вели дека се отворени да разговараат за пакет кој ќе вклучува и промена на химната и дефинирање на албанскиот јазик во Уставот.

„Сакаме да го отсликаме новото време, а тоа е Македонија да биде дел од европското семејство. „Ќе бевме подготвени да разговараме за пакет каде што секако ќе се разгледуваше грбот, прашањето за химната, но и прашањето за другите уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во уставот, како јазик на 20 отсто“, изјави Касами.

Изјавата на Касами на следниот ЛИНК