АктуелноЛокално

Апасиев бара отворање на македонски конзулат во Корча пред Бугарија да ги асимилира Македонците во Албанија

Пратеничко прашање на претседателот на Левица, Димитар Апасиев кон премиерот Христијан Мицкоски:

Дали вие како премиер ќе се заложите да се отвори македонски конзулат во Корча, затоа што сега луѓето треба да патуваат четири часа до Амбасадата во Тирана? Ова им е елементарно барање на Македонците во Корча?

Македонското малцинство е признато како едно од деветте малцинства во Албанија. Биле осум малцинства, но од октомври 2017 година, под влијание на бугарската агресивна надворешна политика, станале девет. Замислете, 100 години немало никакви Бугари на 11 пописи во Албанија и наеднаш на пописот во 2023 година, под надворешен притисок, има 8000 Бугари скоро и 2500 Македонци само.

За разлика, од Законот за државјанства каде што на Косовари, ние измисливме да им даваме државјанство со фискална сметка од ,,Сити мол”, на нашинциве во Албанија, државјанствата им се заглавени со години!