Мојсоска: Македонија не е сиромашна има многу џаболебари за хранење – за 14 години пратениците земале над 7 милиони евра
Во периодот од 2010 до 2024 година, само за патни трошоци на пратениците отприлика биле потрошени:
– ДПМНЕ: 3.700.000 евра
– СДС: 2.000.000 евра
– ДУИ: 680.000 евра.
Во овие суми не се вметнати трошоците за кирии за пратениците, од кои грото имаат станови во Скопје – додека наплаќаат кирии од државата.
Кога ќе ви речат наредно дека нема пари државата за доктори; за покачување за плати за наставниците; за негувателки во градинките; за опремување на болниците; за лекови на лицата со ретки болести- имајте во предвид дека над 6 милиони евра се потрошени само за патни трошоци!
Во среда 120 пратеници имаат можност да ја напуштат ароганцијата и да гласаат за законот на Левица – која џентлменски предлага нивно ограничување (да не е укинување за да не се “навредат” останатите пратеници.)
П.С. Македонија не е сиромашна држава, туку многу џаболебари има за хранење, напиша народната пратеничка Јована Мојсоска на Фејсбук.