Осамна муралот на Благоја Дрнков во Центар на иницијатива на Левица
На иницијатива на советничката група на Левица во Советот на Општина Центар, по муралот во чест на Горан Стефановски, во Дебар Маало осамна и муралот во чест на доајенот на македонската документаристика и фотографија – Центарецот Благоја Дрнков, откако точката беше изгласана од страна на советот во 2023тата година.
Благоја Дрнков (Скопје, 1914 – Скопје, 31 јануари 2012) беше доајен на македонската документаристика и неприкосновен уметник во фотографското мајсторство. За својата работа, одликуван е со бројни награди и признанија, меѓу кои најзначајно е Медалот за заслуги за Македонија во 2008.
Помеѓу многубројните негови дела, еден од најпознатите е документарецот кој го снимил во 1942 „Фудбалски натпревар меѓу Левски и Македонија“, што се одиграл во Скопје, на теренот на игралиштето на фудбалскиот клуб „Граѓански“ и „Воен коњички натпревар“.
Истиот тој документарец бугарските власти побарале од Дрнков да го предаде на нивните служби на уништување.
Благоја Дрнков одбива да го предаде документарецот, поради што бил заробен од бугарските фашисти во бугарскиот затвор.
Муралот во негова чест се наоѓа во скопско Дебар Маало, каде што Дрнков живееше и почина на 98 годишна возраст, сооптија од локалниот огранок на партијата.
![](https://antropol.mk/wp-content/uploads/2025/02/image.png)