Левица: Власта ја продаде нацијата – 13.000 нови сиромашни додека маркетите се дават во профити
Официјалните податоци на ДЗС од 2020 година покажуваат дека 452.000 граѓани во Македонија живееле под прагот на сиромаштијата, што претставува 21.8% од населението. Во само две години, поради вештачки создадената инфлација, уште 13.000 потонале во екстремна сиромаштија. Фактичката состојба потврдува неверојатна инфлација од 25% само за 2022 и 2023 година.
Инфлацијата, пред сѐ, на храната од 32,6% е главна причина за зголемувањето на сиромаштијата. Додека обичниот човек не може да заработи за нормално да се прехрани, профитот којшто го оствариле големите ланци на маркети, само во период од околу една година, е зголемен за фрапантни 40%.
Доколку се направи компарација на периодот помеѓу 2018 и 2023 година, големите ланци на маркети бележат повеќе од двојно или тројно зголемени профити.
Ова е класичен пример како дивиот капитализам создаден од партиите на власт, пред сѐ ДПМНЕ и СДС, изминативе триесет години сѐ повеќе ги осиромашува сиромашните, а ги збогатува богатите. Ако на сето ова се додаде и зголемувањето на цените во рестораните и хотелите за 28,2%, домувањето и другите режиски трошоци за 23,7%, или транспортот кој е поскап за 20% – станува разбирливо кој плаќа, а кој ги полни џебовите од инфлацијата.
Левица уште еднаш истакнува дека го ПОДДРЖУВА утрешниот народен БОЈКОТ на маркетите. Владата мора да понесе одговорност за неуспешните квазимерки за намалување на цените.
Бараме Мицкоски да излезе од спрегите на крупниот капитал којшто акумулира богатство врз грбот на граѓаните и итно спроведе барем дел од мерките против инфлацијата кои претходно ги имаме посочено во јавноста.
Не смееме да дозволиме алчноста на трговците да биде причина за зголемување на сиромаштијата, велат од партијата