Предавање за Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ денес во Рускиот центар во Скопје
На 25 јануари се навршуваат 270 години од основањето на најголемиот и најпознатиот универзитет во Русија „М.В. Ломоносов“. По тој повод денес во Рускиот Центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот ќе имате можност да дознаете нешто повеќе за историјата, за неговото создавање, како и да слушнете интересни факти и сведоштва за него.
Универзитетот бил основан по иницијатива на Иван Иванович Шувалов и Михаил Василевич Ломоносов, по наредба на руската царица Елисавета на 25 јануари 1755 година. Првите предавања биле одржани на 27 април. Денот 27 јануари се прославува како ден на студентите во Русија.
Во почетокот, објектот бил изграден на Црвениот плоштад. Универзитетот бил префрлен на денешното место во времето на Екатерина Велика, а објектот бил изработен во неокласичен стил. Во текот на XVIII век универзитетот бил поделен на три дела; филозофија, медицина и право. Со текот на годините, универзитетот постојано се проширувал.
Во 1905 година во универзитетот била основана социјал-демократска организација, која позивала за свалување на императорот од престолот, Но, царската влада започнала постепено да го затвора универзитетот. Во 1911 година, во знак на протест поради малтретирање, 130 научници и професори масовно дале оставка. По ова, голем број на студенти биле испадени од следење на наставата. По Октомвриската револуција во 1917 година, универзитетот бил отворен за целиот народ, односно не само за аристократските семејства и деца, туку и за селските.
Во 1940 година името на универзитетот било променето во чест на неговиот основач Михаил Василевич Ломоносов. Во текот на 1991 година биле основани уште девет отсека. Веќе во 1992 година универзитетот започнал да се финансира директно од буџетот на земјата