Јанчев : Месец дена не работи регистарот за земјоделци – Трипуновски не превзема ништо
Месец дена мака мачат земјоделците кои сакаат да се пријават на јавниот повик за закуп на државно земјоделско земјиште.
Рокот им е 30 дена во кои имаше многу празници на кои институциите не работеа, што автоматски им го крати времето за пријавување.
Вадењето на сите документи ги чини околу 400 евра кои сега може да им пропаднат затоа што системот, односно регистарот, во подрачните единици на Министерството за земјоделие е паднат. Регистарот не функционира уште од објавувањето на повикот.
Земјоделците од таму треба да го добијат последниот документ односно Тековна состојба на земјоделско стопанство.
Системот е паднат, документот не можат да го добијат, а имаат уште 8 дена за пријавување на повикот.
Доколку од Министерството не превземат нешто, потрошените пари и време ќе бидат бадијала затоа што земјоделците нема да се во можност да поднесат комплетирана пријава.
Затоа согласно законските и деловнички пратенички права писмено го прашувам Министерот за земјоделие, Цветан Трипуновски, дали ќе превземе нешто во врска со регистарот, праша пратеникот.