АктуелноИнтернационално

Русија и ИР Иран ќе потпишат сеопфатно стратешко партнерство

Русија и ИР Иран ќе потпишат договор за „сеопфатно стратешко партнерство“. Потписот ќе биде ставен на 17 јануари за време на посетата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во Москва, соопшти денеска (13 јануари) Кремљ. „Владимир Путин на 17 јануари ќе разговара со претседателот на Исламската Република Иран, Масуд Пезешкијан, кој ќе престојува во официјална посета на Русија“, се наведува во соопштението.

Двајцата лидери ќе разговараат за опциите за понатамошно проширување на врските помеѓу Москва и Техеран, вклучувајќи трговија и инвестиции, транспорт и логистика и за хуманитарниот дел. Путин и Пезешкијан ќе разговараат и за регионални и меѓународни прашања, додаде Кремљ.

По воведувањето на бројни санкции од колективниот Запад кон Русија, земјата ги зајакнува врските со останатите земји, што го доведува западот во процес на самоизолација. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во октомври изјави дека Москва и Техеран имаат намера да потпишат пакт за стратешко партнерство што ќе вклучи поблиска одбранбена соработка.

САД во септември го обвинија Техеран дека и доставува балистички ракети на Русија кои ги користи против Украина и воведоа санкции за бродови и компании за кои рекоа дека се вклучени во снабдувањето на Иран со оружје. Техеран негира дека и има дадено проектили на Москва.