АктуелноЛокално

Спектакуларниот концерт на турската џез музика “Виорот на Анадолија“

Концерт на турска џез музика насловен „Виорот на Анадолија“ ќе се одржи на 5 декември 2024 година (четврток) во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20 часот.

Во единствена музичка авантура ќе бидат споени звуците на Анадолија со магијата на џезот. Ќе настапат музичарите Анил Шалиел и Марееџхи Асу. Турските музичари преку своите џез интерпретации ќе го оживеат споменот на легендарните доајени- уметниците Ашик Вејсел и Зеки Мурен.

Концертот го организира Турскиот културен центар „Јунус Емре“- Скопје.