Исмаил: Дали делегатите и членовите на СДСМ се запознаени со работата на нивните пратеници?
Фајсбук статус на пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил:
Веќе неколку дена се двоумам дали јавно да го искажам ставот по повод Конгресот на СДСМ. Не за друго, само поради тоа што таа партија веќе е во опозиција. Но, од друга страна пак, сега кога десничарите се на власт во полна пареа, од една Социјал демократска партија се очекува да опонира на десничарските политики и практики кои се закануваат државата да ја однесат во социјална бездна. Оттука, чувствувајќи должност и одговорност кон дел од искрените симпатизери, членови па и неколку функционери на таа партија, се решавам да прокоментирам во однос на сето ова.
Пред се, со самиот избор на “новиот” лидер се прати порака дека на таа партија и нема спас – на чело на партијата се најде уште еден богаташ и бизнисмен, кој се збогати токму како функционер на власт додека партијата ја водеше државата.
На конгресот очигледно не се променило ништо, па дури ни естетиката! За работата и ставовите на нивните претставници во законодавниот дом пак не станало ни збор. Јасно е дека таму никој со тој суштински проблем на оваа партија никој не се занимава.
Драги СДСМовци дозволете да ви предочам во каква идејна бездна се закочени вашите пратеници.
Во Собранието тече процесот за донесување на Буџетот на државата како најважен акт за тековните работи во една календарска година на државата, а вашите пратеници имаат амандмани од типот зголемување на средства во програми и потпрограми од кои се делат државни пари на приватни фирми и тоа некои дури и со странски капитал!? Наместо борба за враќање на државата како економски фактор вашите пратеници се “борат” за што помала држава на сметка на бизнис интереси и бенефиции за странски капитал. Па на расправиите на комисиите се расправаат со десничарите од власта кој колку им го дал на тацна народот и државниот капацитет на странците!?
И последно пак, замислете, понудија Предлог-закон за намалување на ДДВ то од 5% на 0% на основната храна која се увезува А притоа без да понудат никакви механизми за контрола на цените, заборавајќи дека кога истото го направија од позиција на власт не само што не поевтинија цените, туку дополнително се зголемија А увозниците (капиталисти), логично, си го зголемија профитот во среде криза.
Инаку, да ве потсетам, токму СДСМ во 2023 година го зголеми данокот на ДДВ ( на над 2000 артикли) кои инаку од повластена стапка која важеше за сите прехранбени производи од 5%, ја зголемија на 10% класифицирајќи ги како таканаречени “луксузни добра”.
Сега нудат намалување на ДДВ то не пресметувајќи дека на тој начин ќе го уништат и онака комирано земјоделие, затоа што додека земјоделските производи во нивите на нашите ќе гнијат, увезените производи на СДСМ и Дуи, кои цврсто го држат пазарот уште кога беа на власт, ќе бидат продадени дури и по повисока цена од домашните производи.
Ваков предлог да дојде од СДСМ е во најмала рака иронично поради две причини:
1. Дел од храната ја крстија луксузна, па потоа ДДВ-то за истата ја зголемија од 5% на 10%. Што е показател дека воопшто не мислеле на народот.
2. Увозот на храна, ослободен од данок, го штити бизнисот на големите трговци, додека обичниот човек директно не добива ништо, а преку бизнисот пак -мало сутра- ќе добие пониски цени.
После ваквиот предлог на СДСМ се поставува прашањето дали можеби таа партија го штити бизнисот на:
На пример, Даути Комерц – ДУИ, кој е еден од најголемите и најмоќните увозници на нашиот пазар. Токму ваквите фирми диктираат каква храна ќе јаде народот, што ќе увезат и од каде.
Токму една ваква слична косовска фирма го купи штипскиот Кит-го (58 маркети) кој беше меѓу првите ланец на маркети со најголеми приходи во Македонија.
Додека СДСМ беа на власт драстично падна домашното производство а со тоа и извозот, сето ова со умисла и намера да го отворат патот на фирмите кои увезуваат. А добро знаеме чиви фирми увезуваат храна.
Затоа друштво, Социјал демократијата не е секси, дојде да ја вратиме државата на пиедесталот – како врв од токот на историјата.