АктуелноЛокално

Претставници од Германскиот археолошки институт во посета на Скопје

Шестмина специјалисти предводени од директорот на Германскиот археолошки институт, Лукас Вертер деновиве престојуваат во Скопје. Во рамки на нивниот престој, тие ќе го посетат Скупи, а вчера (26.11.2024) во Музејот на град Скопје беше потпишан Меморандум за соработка со ДАИ-Германски археолошки институт,помеѓу д-р Панче Велков,Директор на музејот и Директорот на ДАИ Лукас Вертхер,со цел истражување и заштита на локалитетот Скупи.

Меморандумот претставува прв чекор во воспоставување на соработката што ќе биде на државно ниво меѓу Министерството за култура и Германскиот археолошки институт.

Во текот на денешниот ден, претставниците од Германскиот археолошки институт ќе остварат средба со претставници од Министерството за култура на Македонија.

Во рамки на соработката, во Археолошкиот музеј во Франкфурт на 17 декември ќе биде отворена нашата изложба насловена „Темната страна на Римската историја“, која е приказ на масовната гробница откриена во Скупи. Изложбата е подготвена од археологот Ленче Јованова, а претходно беше прикажана и во Белград.

Изложбата во Франкфурт ќе биде отворена шест месеци за посетители.