Министерот Дурмиши: Минималната плата може ќе се зголеми, може ќе се намали
Минималната плата може ќе се зголеми, може ќе се намали, рече денес во изјава за медиумите Министерот за економија Дурмиши.
– Во идната година во март е предвидено да се покачи минималната плата, рече министерот во одговор на прашање на Инфомакс но не знае дали зголемувањето ќе биде исто како и зголемувањето во Влада, каде платите се зголемија за 1000 евра, или над 51%.
Министерот не знаеше ни колку средства се предвидени во овогодинешниот буџет за зголемување на платите, а избега од одговор и дали минималната плата ќе се зголеми на 450 евра.
Врз барањето на синдикалците, од 2. до 6. декември ќе закажеме седница на економски и социјален совет, ќе бидат претставници на Владата и експерти и таму ќе разговараме дали може да се зголеми минималната плата.
Потсетуваме, во меѓувреме е предвиден Буџет и се очекува зголемување на платите на вработените во Влада, додека обичниот работник е принуден да работи за минималец од нешто над дваесет иљади денари.