Левица: Умира езеро Младост
Еколошки холокауст и претсмртна агонија му се случува на велешкото езеро Младост, кое забрзано умира пред очите на ПОШИРОКАТА ЈАВНОСТ.
Од денеска на неговите брегови се појави бела, непозната пифтиеста маса во форма на пена, која смрди на амонијак, а бојата на езерото е драстично променета, особено во делот на браната и хотелите.
Веднаш го информиравме Државниот еколошки инспектор кој веднаш излезе на лице место да ја констатира состојбата.
Засега молк од сите останати.
Без реакција од Градоначалникот Колев, Министерот за Животна средина Меџити и од Премиерот Мицкоски.
Езерото Младост останува на милост и немилост на безочната урбанизација која забрзано се шири, а во текот на вчерашниот ден владеачкото мнозинство на ДПМНЕ и ДУИ во велешкиот совет изгласаа продажба на нови две државни парцели во непосредна близина на езерото, стои во соопштението на Левица – ЛО Велес