Градска свеченост по повод Денот на ослободувањето на Тетово
Големиот јубилеј 80 години СЛОБОДНО ТЕТОВО е тука! Градска свеченост во предвечерието на Денот на ослободувањето на Тетово-19 Ноември.
Годинава подготвивме богата програма, квалитетен мултимедијален настан, изненадувања и специјални гости вечерта на празнична свеченост на 18.11.2024 година во 19:00 часот во ЦК Иљо Антески Смок. Настанот за сплотеност и единство, за љубов кон родниот град и луѓето кои го прават голем и горд сите изминати 80 години. Низ годините учевме и созревавме и знаеме дека не постои еднаш добиена војна или засекогаш изгубена битка, токму затоа непокорувањето кон се она што го уништува она што ни е свето е нашата полна слобода, бидејќи НЕПОКОРОТ Е СЛОБОДА се вели во објавата на организаторите Сојуз на борците од НОБ и граѓаните продолжувачи – Тетово.
Влезот на градската свеченост е бесплатен.