АктуелноИнтернационално

(Фото) Кина ја отвори најголемата соларна централа на отворено море во светот

Пекинг вели дека се стреми кон јаглеродна неутралност до 2060 година.

Масивен „офшор“ соларен парк во Кина почна да генерира енергија, се вели во соопштението на државната „China Energy Investment Corporation“ (CHN Energy). Земјата е најголемиот потрошувач на енергија во светот и се обиде да ја забрза транзицијата кон обновливи извори на енергија.

Проектот за фотоволтаичен (PV) од еден гигават (GW), лоциран на осум километри од источниот брег на градот Донгинг во провинцијата Шандонг, успешно ја поврза својата прва серија на PV единици со мрежата во средата, соопшти компанијата.

Соларниот парк е прва и најголема од ваков вид во светот, зафаќа површина од околу 1.200 хектари и располага со речиси 3.000 PV платформи со должина од 60 метри и ширина од 35 метри, додаде CHN Energy.

По завршувањето, проектот се очекува да генерира доволно енергија за да ги задоволи годишните потреби на над 2,6 милиони урбани жители во Кина.

Проектот вклучува и одгледување риби за подобро искористување на морскиот простор.

Пловечката соларна централа, во кое модулите се инсталирани или на понтони блиску до нивото на морето или на платформи издигнати над водата, се гледа како потенцијално решение за области со ограничен простор, според Ројтерс.

Друг пловечки соларен проект, фарма од 202 мегавати (MW) лоцирана во источната провинција Шандонг, беше пуштен во употреба пред две години и сега е во функција.

Во мај, кинеската национална нуклеарна корпорација (CNNC) започна со изградба на соларна централа со два GW во близина на брегот на источната провинција Џиангсу. Се наоѓа во област наменета за испуштање топла вода од нуклеарната централа Тианван.

Во август, Кина ја инаугурираше најголемата офшор турбина на ветер во светот со во нејзината најјужна провинција Хаинан.

Како втора најнаселена земја во светот, Кина е најголемиот потрошувач на енергија на глобално ниво и „ќе се стреми да постигне јаглеродна неутралност“ пред 2060 година, рече вицепремиерот Динг Ксуексианг претходно оваа недела на Конференцијата на ОН за климатски промени во Баку, Азербејџан.