Актуелно

Апасиев му поднесе кривична пријава на Мирчевски за лажно пријавување

Откако директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, пред медиумите, граѓаните и надлежните органи лажно прикажувал и пријавувал наводни закани по живот од страна на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, Апасиев му поднесе кривична пријава:

„Денес, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје, поднесов кривична пријава против директорот на Канал 5 телевизија – Иван Мирчевски од Скопје за сторено кривично дело „ЛАЖНО ПРИЈАВУВАЊЕ“ казниво по КЗ.“ – напиша на Фејсбук лидерот на Левица.

„Овој неурамнотежен сикофант и денунцијатор, ме пријавил за наводни „закани по животот и телото нему и на нему блиски лица“!?“ – појасни тој во однос на причината за кривичната пријава, со што ги отфрли и ги квалификуваше како лажни наводите на Мирчевски и дел од новинарите во Канал 5.

„Јавно ставам до знаење дека ако ОЈО Скопје не ја земе пријавата во работа со сета сериозност, ќе поведам и дисциплинска постапка против предметниот обвинител пред Советот на јавни обвинители – затоа што ова институционално курташачење ги помина сите граници на цивилизирано однесување!“ – дополни Апасиев.