Таткото на Асанж: За САД вистината е неприфатлива поради страв од соочување со самите себе
Соединетите Американски Држави ниту ја сакаат ниту ја прифаќаат вистината за себе, кажа во интервју за руската новинска агенција РИА Новости Џон Шиптон, австралиски активист и татко на основачот на Викиликс, австралискиот новинар Џулијан Асанж.
Во јули Асанж беше пуштен од британски затвор по години тортура и се врати во Австралија по договорот за признавање на вината со американските власти.
Според Шиптон, Вашингтон презел „многу остри мерки против Џулијан за објавувањето на вистината“.
„И го ставија Челси Менинг во затвор на 35 години, а Едвард Сноуден беше приморан да бара азил во Руската Федерација, така што очигледно е дека тие не ја прифаќаат вистината за себе“, искоментира активистот.
Според Шиптон, Вашингтон сега има „премногу проблеми“ за да продолжи да се занимава со случајот на Асанж.
„Ако се загрижени за Џулијан Асанж, па, би требало да најдат друга работа“, ги посоветува таткото на австралискиот новинар.