Исмаил: Националната развојна стретегија е историски промашена, методолошки неточна и идеолошки изгубена

Народниот пратеник и потпретседател на Левица, Реџеп ИСМАИЛ, на денешната 17-та седница на Собранието на Р. Македонија, по однос на Националната развојна стратегија 2024-2044 година:

Во многу нешта не се согласувам со оваа страгеија и мислам дека е историски промашена, методолошки неточна и идеолошки изгубена. За документ како што е една стратегија за национален развој, особено, од еден ваков период, треба сериозно да се размисли и треба сериозно одбрани луѓе да работат на неа, а не тоа да бидат собрани ,ојлевци – дојлевци’ и други институции, коишто немаат врска со едни такви стратешки документи.

„Оваа стратегија не допира клучни проблеми, со какви и сега се соочува како: губењето на суверенитетот, територијалниот интегритет и унитарноста. Ставате фокус на приватизација и странски инвестиции. Ако од една страна сакате да имате зајакнување на јавен сектор, а од друга страна приватизација – тоа едно со друго не оди“, изјави народниот пратеник Реџеп Исмаил од собраниската говорница.