Актуелно

Зошто нема санкција за болницата во Козле за случајот со нехоспитализираното дете?

Статус на Мими Кимовска Христов:

Дали добро разбрав, директорката на КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА КОЗЛЕ изјавила дека кај нив нема никаков пропуст???

Дали тоа значи дека нема пропуст ниту за време на транспортот на детето?

Дали со ова индиректно (па и директно) целата вина ќе биде само на КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ???

Комисијата утврди низа пропусти на повеќе нивоа. Козле како клиничка болница немала ниту Неинвазивна респираторна поддршка, а се работи за Клиничка болница токму за респираторни болести?!

Извинете колеги, но овде нешто не штима! Имате Хипократова заклетва дадено сите! Да не затвораме очи пред вистината!

Во која фаза на срцева декомпензација е прифатено детето на Детска клиника за да настане такво промптно влошување? Зошто е чекано толку долго до 03 часот утрото, ако колегите од Козле знаеле колкави им се можностите??? И нема кај нив никаков пропуст? Туку, само ,,Нагло се влошила состојбата на девојчето во 03 часот утрото”, па побарале транспорт до соседната клиничка болница, исто за деца???

Клиничката слика кај малите деца се менува од час во час, од минута во минута! Затоа била потребна опсервација и итна реакција, токму тој клучен ден, на 04.10.2014. Не чекање, туку дејствување.

А не да си кажеме ,,ние сме во ред”, овие другиве не ги бива! Ниту е праведно, ниту стручно, ниту колегијално!

Пред речиси една година јас добив дисциплинска затоа што инсистирав и хоспитализирав 4 месечно доенче, со КОВИД позитивен тест, со 41°Ц фебрилност…Само затоа што надлежната ми рече да го пуштам дома, а јас според мојата проценка и совест сепак го хоспитализирав. Сега ситуацијата треба да е обратна, да се изрече дисциплинска затоа што некој континуирано го напаѓа директорот на Детска клиника, пошто зашто, да го најде виновникот. Можеби девојчето и не било за хоспитализација тој ден на 03.10.2024. Ако нема секундарна здравствена заштита која можела да ја следи состојбата, каде е матичниот лекар?

Има многу недоречености! Треба да излезат на виделина. Да, час поскоро, но да имаат и историја, стручност, но и праведност.

Искрено сочувство до семејството за огромната загуба на своето чедо.

Немојте да брзаме сите со изјавите и заклучоците!

Медалот, секогаш има две страни!

Гласи статусот на Мими Кимовкса Христов во врска со починатото бебе на детската клиника.

Девојчето почина на 5 октомври на Детската клиника откако претходно било одбиено за хоспитализација на оваа Клиника и родителите го однеле во болницата „Козле“. Комисијата при Министерството за здравство на 14 октомври го објави извештајот од стручниот надзор во кој меѓудругото стои дека на Детска клиника при вториот преглед извршен на 3 октомври е направен превид во проценката за потреба од хоспитализација на дететео, а во „Козле“ е констатирана неадекватна и ненавремена проценка за тежината на респираторните потешкотии.