АктуелноЛокално

(Видео) Шефот на обезбедувањето на Гаши се снима со службено оружје во службеното возило

Шефот на обезбедувањето на Африм Гаши се снима со службеното оружје, во службено возило и видеото го објавува на социјалните мрежи.

Како што можете да забележите на видеото во продолжение, обезбедувањето на спикерот Гаши се фали со службените автомобили и службеното оружје, иако истиот не смее да го објавува оружјето.

Господинот обезбедување се фали со својата позиција и на социјалните мрежи каде има низа фотографии од Собранието и со спикерот Гаши.