АктуелноЛокално

(Видео) Хаос во Илинден – еден месец трае реконструкција на главна улица

Самобендисаноста и неспособноста на ДПМНЕ во Општина Илинден резултира во целосен хаос во централниот дел на општината.

Ситуацијата е апсурдна и трагикомична бидејќи се работи за краток потег, за околу 200 метри долга улица, на која се работи можеби и подолго од 6 месеци, а преку која се стигнува до КАМ, КИД ГО, Стокомак, Градинката Гоце Делчев, па важи за една од најпрометните улици.

Локалните власти да беа способни 2 метра од улицата дневно да поправаа за 100 дена улицата ќе беше целосно во функција, но за жал тоа не е така, граѓаните дури и се повредуваат на овој дел од апсурдниот градежен зафат, се сопнуваат, кршат екстремитети, оштетуваат возила, односно се соочуваат со предизвици да поминат низ улицата.

За жал реалноста е таква, граѓаните многу веруваа во ДПМНЕ во Општина Илинден, за оваа политичка партија сега во целост да ги разочара.

Повеќе од очигледно е дека промени мора да има за подобар живот на граѓаните од причина што ДПМНЕ се повеќе од очигледно неспособни успешно да менаџираат со локалната власт во Општина Илинден.