Делегација на Левица положи цвеќе во Куманово
Пред Спомен – костурницата во Куманово, делегација предводена од пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, положи цвеќе заедно со Никола Лазаровски и Дејан Димовски.
Активностите на 11 октомври 1941 год. од страна на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, го означуваат почетокот на Востанието против фашизмот во Македонија.
Наша задача денес е повторно, следејќи ги искуствата на хероите од НОБ, да го трасираме патот до враќање на државата на АСНОМ-ските темели, така што македонскиот народ повторно ќе се најде на вистинската страна на историјата.
Честит празник, Македонци!