АктуелноЛокално

(Видео) Руиниран општински имот во Велес

Зградата во центарот на Велес е претворена во депонија и гулабарник, дувло на зараза кое е опасно по здравјето на граѓаните, особено на тие неколку кои користат простории во оваа зграда.

Има голем број на простории и сала кои се руинирани, а од кои општината би можела да има корист и добивка, зградата била опремена со кујна на секој спрат и машки и женски тоалет.

Според Статутот на Општина Велес градоначалникот е должен да го заштитува и да се грижи за општинскиот имот, но за жал за овој објект никој не води грижа со години наназад!

На ова место според програмата на ДПМНЕ требаше да има развоен истражувачки бизнис центар за млади, но за жал денес освен рушевини и измет од галаби нема ништо друго!

Бараме од Градоначалникот Марко Колев итно да превземе соодветни мерки со цел заштита на овој објект во центарот на градот, се вели во соопштението на Левица.