АктуелноЛокално

Отварање на изложбата на фотографии ”Златниот антички наод” утре во НУ Завод и Музеј Прилеп

Во среда 09.10 со почеток од 20 часот во Лапидариумот на прилепскиот музеј ќе се отвори изложба на фотографии „Златниот антички наод“ од село Тремник, Неготино.

Изложба на фотографии од ексклузивниот златен антички наод пронајден во археолошкиот локалитет “Орманков гроб”, с.Тремник, општина Неготино, единствен на Балканот и пошироко, феноменален во изработката на филигранство и гранулација, презентиран во Келтен-Ромер Музеј во Манхинг-Германија, заедно со златната маска и нараквица од Охрид, вкупна тежина 1.018 гр., 22% каратно злато, датира од IV-III век п.н.е.

Златниот антички наод се состои од две монети-статери: една на Филип II и Александар III, златен ѓердан составен од висулци во вид на лешник, два ѓердани составени од кружни алки со еден ред гранулации, медаљон со претстава на Посејдон, една тоалетна кутија (пиксида), ѓердан со кружни алки со три реда гранулација, четири фибули, четири цилиндри како завршетоци на ѓерданите и две палмети во срцевидна форма. Изложбата содржи 30 фотографии изработени на форекс, врамени, со димензии 100х70 цм.